На седницата беа образложени измените на Законот за пензиско и инвалидско осигирување кои беа единствена точка на дневен ред на оваа седница. Една од измените, како што образложи замнеик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, е доуредување на еден од условите за именување на директор, односно заменик-директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигирување, кој се однесува на поседувањето уверение или сертификат со кој се докажува познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија.
Со ваквата измена, според Левица се трга обврската директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да има меѓунардоно признат сертифкат за англиски јазик.
„Ова е последица на бруката што излезе со меѓународниот сертификат на директорот на Агенцијата за национална безбедност Христовски за кои излегоа информации дека извадил меѓународен серитификат за познавање на англиски јазик од фирма во Бугарија која што пет години наназад пријавува дека нема никакви деловни активности. Многу директори се појавија без сертификати или со лажни сертификикати. Очигледно во Македонија сите што сакат да бидат директори, не сакaат да седнат да положат за меѓународен сертификан, туку само сакаат да станат директори. Тоа што не е сигурно е дали овие измени се прават за да му се угоди на портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов кој моментално е в.д. директор, па сега се прават измени за тој да може да стане директор и без меѓународно признат сертификат за англиски јазик“, рече Јанчев.