среда, 19 март 2025

Во храмовите на МПЦ-ОА парастос за упокоените и молитва за повредените

Во храмовите на Македонската православна црква – ОА денеска и во петок по литургијата на претходно осветени дарови, ќе биде отслужен парастос за жртвите во трагедијата во Кочани, а потоа и молитва за исцеление на повредените.

Објавено на

часот

Сподели

„Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан повелува денеска и в петок по претходноосветената литургија да се отслужи парастос за невино настраданите во трагедијата во Кочани. Веднаш по парастосот, пак, да се принесе молитва за исцеление на повредените“, се вели во известувањето до верниците.

Во сабота во 9.00 часот, во манастирот „Св. Јован Крстител“ во Капиштец, пак, со благослов на г.г. Стефан, ќе се служи заупокоена литургија за покој на душите на сите настрадани во неодамнешната трагедија во Кочани, како и за прерано починатиот студент по теологија на Православниот богословски факултет Јане Глигороски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ