сабота, 27 јули 2024

Во Хаг почнува судењето на Хашим Тачи и други од УЧК

Објавено на

часот

Сподели

Денеска почнува судењето на четворицата поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кои се обвинети од Специјализираниот совет и од Специјализираното обвинителство во Хаг за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи, поранешните претседатели на Собранието на Косово Кадри Весељи и Јакуп Красниќи и поранешниот пратеник Реџеп Селими се изјаснија како невини по четири точки за воени злосторства и шест точки од обвинението за злосторства против човештвото извршени за време на конфликтот на Косово во 1998 и 1999 година.

Обвиненијата вклучуваат убиство, тортура и принудно раселување.

Денеска прво ќе даде исказ специјалниот обвинител, а потоа говор ќе одржи адвокатот на оштетените.

Во наредните денови ќе зборуваат бранителите на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи.

Ден пред почетокот на судењето, во неделата во Приштина се одржа голем митинг за поддршка на Тачи и другите обвинети.

Во „Маршот на правдата“, како што беше наречен митингот, насобраните носеа транспаренти „Слободата има име“ и „Историјата не може да се менува“.

Митингот го поддржаа сите политички партии во Косово, како и познати личности и одредени невладини организации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ