сабота, 27 јули 2024

Во густа магла се многу патни правци, возете бавно со вклучени светла

Густа магла има на голем број патни правци, информираат од АМСМ и апелираат да се вози внимателно. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Објавено на

часот

Сподели

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патните правци Скопје – Куманово, Скопје – Велес и Велес – Неготино, од 70 – 100 метри на патниот правец Неготино – Демир Капија и до 100 метри на патниот правец Прилеп – Македонски Брод – Кичево, информираат утрово од ЈП Македонијапат.

Поради маглата потребно е да се вози внимателно, да не се брза, со вклучени светла, а по можност и со вклучени предни и задни светла за магла.

По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат од екипите на ЈП Македонијапат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ