сабота, 27 јули 2024

Во Грција само во фришоповите на границата со Македонија се продаваат евтини цигари

297 штеки цигари биле запленила на 15 септември струмичката полиција во патничко возило на лице од село Иловица. Ден претходно на граничниот премин Богородица на влез во Македонија во „пежо“ на Н.М. од Гевгелија биле запленети 387 штеки цигари. За овој нов вид на цигари МКД.мк пишуваше во серија текстови во кои откри дека од фришоповите на Грција на македонско-грчката граница цигарите се продаваат поевтино, што е доволно добра провокација за шверц и обид за брза заработувачка.

Објавено на

часот

Сподели

Дека сепак не се работело само за купување на штеки цигари за лична употреба покажаа нашите фотографии од пазарите во Скопје, Битола, Охрид, Тетово, Гостивар… каде во малопродажба без никаков проблем можете да купите штека цигари која во малопродажба во Македонија чини 1.400 денари, а во грчкиот фришоп се купува и за 800 денари.

На пример според пописот на запленетите цигари, Н.М. во своето возило SK 2391 ВС, во Македонија се обидел да прошверцува 216 штеки винстон плаво, 54 штеки винстон супер лиме, 6 штеки винстон црвен, 51 штека ледер плав, 21 штека ледер црвен, 27 штеки камел, 3 штеки карелиа, 4 штеки карелиа блу, 2 штеки давидоф и 1.250 грама тутун олд холбурн со вкупна вреднос од околу 300.000 денари. 

с

Она што е интересно е тоа дека по фришоповите на грчките аеродроми и пристаништа цигарите што се продаваат се со платени давачки кон државата (Duty paid) и со акцизни бандероли. Цената на цигарите во тие фришопови се еднакви со цената на цигарите во Грција во малопродажба. Останува загатката зошто на копнените грчки фришопови на границата со Македонија и натаму се продаваат цигари по значителна помала цена и на различни акциски продажби што ги прави атрактивни за шверц.

И во регионот цигарите и натаму се високо на листата на шверцувана стока. Царината во Србија неодамна се пофали со заплена од дури 112 тони или 111 милиони цигари вредни 15,5 милиони евра од царински магацин во Белград. Ова беше рекордна заплена на цигари. Претходниот рекорд за Србија бил 50 тони. Српската царина соопшти дека цигарите биле од Црна Гора од 2019 година.

                                                                                                                                                            А.Д.

 

 

Се враќа шверцот со цигарите во Македонија, овојпат од грчките фришопови (1)

Ново „златно време“ во шверцот со цигарите? (2)

И дистрибутерите на големите тутунски корпорации се загрижени за новиот шверц со цигарите (3)

Пазарните инспектори допрва ќе го проверуваат шверцот со цигарите од грчките фришопови (4)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ