сабота, 27 јули 2024

Во Грција се венчаа двајца мажи, првпат од донесувањето на законот

Грчкиот писател Петрос Хадопулос и неговиот партнер станаа првата геј двојка која се венча во атинското градско собрание, три недели откако беа легализирани истополовите бракови во Грција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во Атина вчера се венчаа Хдопулос, познат како Огист Корто, и адвокатот Анастасиос Самоуилидис. Хадопулос кажа дека настанот поминал како од соништата „кои не смееле да ги остварат додека биле тинејџери“.

„Постои одредена симболика во сето ова. Сфаќам дека бракот не е за секого, но за луѓето кои пораснале во Грција во осумдесеттите или деведесеттите години, кога момчињата како нас се чувствуваа прилично изолирано, дури и симболиката има голема тежина“, кажа тој за Асошиејтед прес.

Двојката на венчавката добила аплауз од повеќе од 25 гости.

Мнозинството во грчкиот парламент ги одобри истополовите бракови на 15 февруари, и покрај силното противење на Грчката православна црква.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ