сабота, 4 јануари 2025

Во Грција план за апликација за родителски надзор на мобилните уреди на нивните деца

Грчката влада денеска ги објави плановите за воведување апликација што би требало да ја зголеми родителската контрола врз мобилните уреди на нивните деца преку дигитална проверка на возраста и контрола на пребарувањето на интернет, пишува Асошиејтед прес.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за дигитално управување Деметрис Папастергиу рече дека целта на апликацијата „Детски паричник“, која треба да се активира во март, е да ги заштити децата на возраст под 15 години од ризикот од прекумерна и несоодветна употреба на интернет.

Таа апликација ќе биде поврзана со платформата за е-услуги и ќе функционира заедно со постојната апликација што возрасните ја користат за дигитални идентификациски документи.

Тоа е голема промена, рече Папастергиу, додавајќи дека апликацијата ќе интегрира напредни алгоритми за следење на користењето и ќе имплементира строги процеси за проверка на идентитетот.

Апликацијата „Детски паричник“ ќе ги прави двете најважни работи: значително ќе ја олесни родителската контрола и ќе биде наша официјална национална алатка за проверка на возраста на корисниците, додаде тој.

Истражувањето објавено овој месец од грчката истражувачка организација KMOP покажа дека 76,6 отсто од децата на возраст меѓу девет и 12 години имаат пристап до интернет преку лични уреди, 58,6 отсто секојдневно користат социјални мрежи, а 22,8 отсто наишле на несоодветна содржина, пренесува РСЕ.

Папастергиу рече дека владата се надева дека до крајот на следната година ќе има инсталирана детска апликација на паметните телефони што се продаваат во Грција, додавајќи дека тоа ќе им помогне на социјалните мрежи да бидат поодговорни во спроведувањето на контролата на возраста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ