Регионалниот Центар за управување со кризи – Куманово известува дека по силниот пороен дожд што го зафати градот Куманово, а поради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количества вода, дошло до поплавување на куќи.
Екипите од Територијалната противпожарна единица од Куманово биле излезени на терен за испумпување на вода во селотоЧеркезе, додека јавното претпријатие Водовод испрати екипи на ул. Никола Вапчаров каде што надошла реката и поплави улици, додека на улицата Србо Томовиќ, бр.36, имало поплавени подрумски простори. Од екипите било информирано дека проблемите не можеле да се решат веднаш и дека ќе треба водата и самата да се повлече.