Илјадници луѓе се евакуирани откако пожарникарите предупредија дека се загрозени домови, деловни објекти и училишта, а пожарите се очекува да продолжат и денеска.
Портпаролот на противпожарната служба Василиос Ватракогијанис рече дека иако повеќе нема активен огнен фронт во североисточниот регион Атика, кој опфаќа делови од Атина, сè уште има „многу активни локални пожари“, главно околу градовите Маратон и Пентели.
Полковникот Ватракогијанис рече дека двајца пожарникари се здобиле со изгореници додека се бореле со пожарот. Официјални лица рекоа дека вчера избувнале пожари на 40 различни локации и во некои области биле забележани пламени високи до 25 метри. Луѓето во Атина носеле маски за лице за да се заштитат од чадот што дувал во градот.
GREECE
BREAKING – Wildfires blaze through Greece as approach toward capital increases in likelihood
AUG 12, 2024
Wildfires across Greece rage and possibly head toward the capital city of Athens as hundreds of firefighters and volunteers see no break in the onslaught.… pic.twitter.com/3B8xaQOPcD— Abhay (@AstuteGaba) August 12, 2024
Во Пентели, шумско, ридско подрачје, морале да се евакуираат три болници. Пожарот ја зафатил и фабриката за дрво, а на други места во областа се слушнале бројни експлозии, најверојатно од резервоари за гориво и плински боци.
Европските земји најавија помош за Грција откако нејзината влада го активира механизмот за меѓусебна цивилна заштита на ЕУ. Италија обезбеди два авиони, додека Франција и Србија обезбедија по еден хеликоптер, рече полковникот Ватракогијанис.
❗️🔥🇬🇷 – In Greece, the Barnabas fire, which has been raging for days in the Attica region, has burned more than 100,000 acres, devastating businesses and homes, especially in Vrilissia and Penteli, where a woman was reported missing.
Italy, France and the Czech Republic are… pic.twitter.com/sWAZAYGJgx
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) August 12, 2024
Шпанија, Чешка и Романија испраќаат дополнителни возила, персонал и помош. Соседна Турција исто така се подготвува да испрати два авиони и хеликоптер, рече министерот за надворешни работи Онџу Кечели. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече на Икс дека ЕУ „ќе стои со Грција во борбата против разорните пожари“.
Инаку, Грција ги доживеа најтоплите јуни и јули во историјата на мерењата.