„За жал, имаме два смртни случаи на цивили чија причина во овој момент е непозната, а имаме и многу сериозни повреди“, им кажа на новинарите шефот на пожарникарската служба на Лос Анџелес, Ентони Марон.
Тој додаде дека околу илјада куќи се уништени во квартот Пацифик палисејдс меѓу крајбрежните градови Санта Моника и Малибу.
„Имаме повеќе од две илјади хектари кои изгореа и огнот засилува“, кажа Марон, проценувајќи го бројот на уништените објекти на повеќе илјади.
Марон истакна дека во моментов округот Лос Анџелес нема доволно пожарникари за да се борат со неколку симултани големи пожари, пренесува Ројтерс.
Пред избивањето на пожарот државниот метеоролошки завод издаде највисоко предупредување за екстремни услови за пожар во поголемиот дел од округот Лос Анџелес од вторникот до четврток.
Timelapse shows rapid spread of Palisades fire in #California#californiafire #Palisades pic.twitter.com/bYFH3ILBNN
— News9 (@News9Tweets) January 8, 2025