петок, 26 јули 2024

Во голем напад уништена една од најголемите електроцентрали во Украина

Една од најголемите електроцентрали во Украина е уништена во голем руски ракетен напад. Како што јавува украинската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на висок функционер на електростопанството, термоцентралата Трпилска е целосно уништена.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Централата се наоѓа во близина на главниот град на Украина, Киев, и произведува околу 57 отсто од енергијата за снабдување на Киевската област со струја. Рускиот ракетен напад бил извршен рано утринава со ракети и дронови, а целта на руските сили била украинската енергетска инфраструктура.

Центренерго, компанијата која управува со термоцентралата, соопшти дека објектот е „целосно онеспособен“, додавајќи дека нема жртви меѓу работниците кои биле на смена за време на нападот.

Компанијата соопшти дека денес е „црн ден“ во историјата на украинското електростопанство, додавајќи дека сите работници се „во голема болка“. Андреј Гота, претседател на надзорниот одбор, кажа: „Размерот на уништувањето е застрашувачки“.

Голем пожар го зафатил погонот со турбини, а пожарникарите се обидуваат да го стават пожарот под контрола, јавува Интерфакс.

Во најмалку пет украински региони се оштетени трафостаници и други електроенергетски погоди, а најмалку 200.000 луѓе во Харковската област останале без електрична енергија.

Руското министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта се погодени нафтени, гасни и електроенергетски објекти во „масовни напади“ во Украина. Москва кажа дека во нападите користела високопрецизно оружје со долг дострел и дронови.

„Како резултат на тоа, нарушена е работата на претпријатијата на украинската воена индустрија, оневозможено е префрлање резерви во борбените подрачја, и снабдувањето со гориво на единиците на оружените сили на Украина е отежнато“, се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ