сабота, 27 јули 2024

Во главниот град на Судан повторно се слушаат престрелки

Објавено на

часот

Сподели

Обединетите нации, Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Јапонија, Швајцарија, Јужна Кореја, Шведска и Шпанија соопштија дека се подготвуваат или веќе се обидуваат да го евакуираат својот персонал по еднонеделното насилство во кое според суданското Министерство за здравство, загинале повеќе од 600 лица.

Армијата и паравоените сили за брза реакција (РСФ) одделно соопштија дека се согласиле на тридневно примирје за да им се овозможи на луѓето да го прослават муслиманскиот празник Рамазан Бајрам. Армијата соопшти дека се надева дека бунтовниците ќе го почитуваат прекинот на огнот и ќе ги прекинат воените операции.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен апелираше до конфликтните страни да го почитуваат прекинот на огнот и рече дека суданското воено и цивилно раководство мора итно да почнат да зборуваат за одржлив мир за да се спречи дополнителната штета на земјата.

Лидерот на РСФ, Мохамед Хамдан Дагало, познат како Хемедти, изјави дека утрово разговарал со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Двајцата „ја нагласија неопходноста од почитување на целосен прекин на огнот и обезбедување заштита на хуманитарните и медицинските работници, особено на персоналот на ОН и на регионалните и меѓународните организации“, рече Хемедти на Фејсбук.

РСФ соопшти дека е подготвена делумно да ги отвори сите судански аеродроми за да можат странските влади да ги евакуираат своите државјани. Сепак, не е јасно во колкава мера РСФ ги контролира суданските аеродроми. Суданскиот аеродром се најде во центарот на борбите, додека авионите горат на пистата, а комерцијалните летови се откажани пред неколку дена. Војниците и паравоените сили на РСФ пукаат едни во други секој ден во населбите низ градот, особено за време на утринската молитва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ