„За мене секогаш претставува чест кога сум поканет на вака убави настани како што е овој овде. Многу амбициозен е планот на инвеститорот, но не и неостварлив бидејќи до сега во рекордно време, благодарение на амбициозниот тим и амбициозната работа на градоначалникот на Општина Гевгелија, овој проект доаѓа во оваа фаза во која што е денеска, да можеме да поставиме камен темелник на инвестиција вредна околу 20 милиони евра. Тука ќе имаме 350 нови вработувања на почеток, а максималниот капациет е 500 работни места.
За Гевгелија ќе значи тоа многу. Како претседател на Владата ценам дека секогаш кога во Македонија ќе се прават ваков тип на објекти ние сме тука да помогнеме, да го забрзаме овој процес, да го одблокираме ако е закочен за да можат овие инвестиции да бидат реалност.
Нашата цел е годинава за првпат да забележиме бројка на инвестиции која ќе надмине една милијарда евра, со што како држава ќе бидеме во првите три по глава на жител кога станува збор за странски инвестиции. Честитки на инвеститорот за одлучноста, благодарност до општината, до администрацијата, до сите што помагаа за оваа инвестиција да дојде во оваа фаза во која што е денес“, рече Мицкоски.
Градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов на својот фејсбук-профил објави дека инвестицијата е на компаниите „А-плус” и „Новастон“.
Трговскиот центар се гради на 19.000 квадратни метри и се очекува да даде силен поттик на локалната економија. Планирани се преку 50 единици со различни содржини. Ќе има голем супер-маркет, ќе има забавна зона за сите возрасти, ќе има 24-часовна зона, модни интернационални брендови…