сабота, 27 јули 2024

Во Германија нападнати тројца пратеници на десничарската Алтернатива за Германија

Тројца пратеници од екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) беа нападнати во два одвоени инциденти во саботата вечерта во Германија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Двајца градски советници на десничарската Алтернатива за Германија беа нападнати од маскирани напаѓачи пред кафуле во центарот на Карлсруе.

Тие се полесно повредени. Досега полицијата приведе пет лица и ги ослободи откако им ги зеде личните податоци. Останатите осомничени сторители побегнале од местото на настанот. Партијата АфД соопшти дека градските советници биле нападнати со бејзбол палка.

Полицијата ниту потврди ниту демантираше. Според АфД, нападот бил поттикнат од радикалната лева сцена.

Во Дрезден вчера, 70-годишниот Ханс-Јирген Зиклер, претставник на АфД во парламентот на покраината Саксонија, бил удрен во лицето од маж пред кабина за информации, соопшти партијата.

Полицијата во Дрезден го потврди инцидентот. Против осомничениот напаѓач кој има 47 години поднесена е кривична пријава. Германија во изминатите неколку месеци беше погодена од напади врз политичари од целиот политички спектар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ