сабота, 27 јули 2024

Во Германија ќе се анализираат и објават сите говори на Хитлер

Говорите кои нацистичкиот лидер Адолф Хитлер ги држел меѓу 1933 и 1945 година, за време на нацистичката власт, во Германија системски ги анализира група научници која ќе ѝ ги стави на располагање на јавноста со придружни објаснувања и контекст.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Предвидено е проектот да трае седум години, а планира да ги идентификува и анализира сите говори на Хитлер и за првпат да ги направи достапни на академскиот свет и пошироката јавност преку критичко издание, објавија научниците во Манхајм.

Заедничкиот проект го реализираат Фондацијата на архиви на германската радиодифузија, Гете универзитетот во Франкфурт, Институтот за современа историја Минхен-Берлин, Институтот за германски јазик во Манхајм и Универзитетот Марбург.

Целта е сите релевантни текстови и аудиоснимки да се направат достапни во научен формат.

„Фактите и контекстите се објаснети со анотации според актуелната состојба на истражувањето, а кратки биографии ги претставуваат спомнатите личности“, објавија истражувачите.

Објаснувањата ќе бидат објавени во печатена и дигитална форма. Преживеаните аудиоснимки ќе може да се пребаруваат и анализираат.

Проектот го финансира Германската истражувачка фондација, интердисциплинарна организација за промовирање на науката и истражувањето во Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ