сабота, 27 јули 2024

Во Газа убиени 22.313 луѓе, Германија, Франција и САД ги осудија изјавите за иселување на Палестинците

Министерството за здравство на палестински Хамас објави денес дека во израелските воени операции во Појасот Газа се убиени 22.313 луѓе од почетокот на војната на 7 октомври.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку 12 лица се убиени во последните 24 часа, наведе министерството, додавајќи дека од 7 октомври се ранети 57.296 лица.

Израел по нападот на Хамас во октомври соопшти дека имаат две цели, да го уништат Хамас и да ги ослободат заложниците кои ги држат екстремистите во Газа.

Германија, Франција и Соединетите Американски Држави остро ги критикуваа повиците на два израелски министри до Палестинците да се иселат од Газа.

Портпаролот на министерството за надворешни работи на Германија Себастијан Фишер изјави денес дека Берлин, близок сојузник на Израел, најостро ги отфрла тие изјави на министрите Безазел Смотрич и Итмар Бен Гвир кои „не помагаат во ситуацијата“.

Тој го подвлече ставот на Германија и нејзините сојузници од Г7 дека „не смее да има протерување на Палестинците од Газа ни територијално смалување на Појасот Газа“.

Берлин е за решение според моделот на две држави – палестинска со Израел, што и понатаму е единствениот модел Израелците и Палестинците заедно да живеат во мир, кажа Фишер.

Францускиот претседател Емануел Макрон го предупреди Израел „да не ни помислува“ на присилно раселување на жителите на Газа.

Во телефонски разговор со Бени Ганц, член на Воениот кабинет на Израел, Макрон кажа дека таквите изјави се неприфатливи и во спротивност со решението по модел на две држави кое е единственото одржливо за враќање на мирот и безбедноста за сите, соопшти неговиот кабинет.

Макрон предупреди на ризикот од проширување на конфликтот, кажувајќи дека е „од суштинско значење да се избегне каква било ескалација, особено во Либан“.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден исто така се огласи околу коментарите на двајцата екстремно десничарски израелски министри.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер во соопштение нивните ги оцени како „запаливи и неодговорни“.

Министерот за финансии Смотрич во неделата кажа дека Израел би требало „да ја охрабри миграцијата“ од Газа и повторно да се формираат еврејски населби на таа територија. Бен Гвир имаше слични изјави за преселување на Палестинците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ