сабота, 27 јули 2024

Во Газа е убиена Џамила ал-Шанти, членка на највисокото тело на Хамас

Медиумите поврзани со Хамас во Газа известуваат дека Џамила ал-Шанти, вдовицата на ко-основачот на Хамас и првата жена избрана во политичката канцеларија на оваа организација, е убиена во израелски воздушен напад.

Објавено на

часот

Сподели

Во извештаите не се наведуваат детали за локацијата на ударот, само дека нападот се случил во зори.

Во 2021 година, Ал-Шанти стана првата жена избрана во политичката канцеларија на Хамас, неговото највисоко тело за донесување одлуки.

Нејзиниот сопруг, Абдел Азиз ал-Рантиси, беше убиен во 2004 година во израелски воздушен напад за време на Втората интифада.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ