сабота, 19 октомври 2024

Во Гајре во престрелка со полицијата, едно лице загина

Осомничен во истрага за убиство вчера загина откако пукал во полицајците кои сакале да го приведат.

Објавено на

часот

Сподели

По застреланиот била распишана потерница по убиството во Тетово од 5 јули кога беше убиен 40 годишен маж. Полицијата се сомневала дека зад убиството стои бегалецот кој синоќа е застрелан кај Гајре.

На 5 јули на улицата „Штипска“ во Тетово едно лице од возило „мерцедес“ пукало кон возило „БМВ“ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало. Повеќе медиуми тогаш објавија дека станува збор за пресметка меѓу две групи и дека убиството на 5-ти јули е поврзано со пукањето во тетовската болница пред неколку месеци кога исто така имаше настрадани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ