Францускиот премиер Мишел Барние и министерката за образование Ан Женте денеска ќе посетат средно училиште во париското предградие каде што предаваше Пати. Наставник по историја и географија беше убиен во близина на училиштето на 16 октомври 2020 година. Го уби Русин со чеченско потекло.
„Нема да ги заборавиме убиените учители и ќе направиме сè за да ги заштитиме нашите просветни работници и ќе продолжиме да се бориме против незнаењето и фанатизмот“, изјави неодамна Барние.
Министерството за образование ги покани училишните институции да организираат часови за анализа и размислување со своите ученици за вредностите што наставниците ги претставуваат во општеството.
Пати (47) беше убиен од Абдула Анзоров, руски бегалец со чеченско потекло, бидејќи наставникот покажувал и зборувал за карикатури на пророкот Мухамед на час.
Минатата година, на 13 октомври, Бернар (57) беше убиен пред училиштето во кое предаваше. Тој беше убиен од Мухамед Могучков, поранешен ученик кој станал исламист.
Оваа недела оддавањето почит ќе биде одбележано и во сабота во Сорбона со врачување на наградата „Самуел Пати“ со цел да се наградат училишните проекти фокусирани на „демократските принципи и вредности“.