среда, 2 октомври 2024

Во фирма во Скопје, откриени седум Турци кои незаконски работеле во државата

Денеска, по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Отсекот за странци при Регионалниот центар за гранични работи Север во соработка со Трудовиот инспекторат била извршена контрола во фирма во Скопје. При контролата биле затекнати седум турски државјани, кои незаконски работеле во државата.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

„Лицата биле приведени во полициската станица Кисела Вода и во текот на денот до Основниот кривичен суд Скопје, против нив ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка за сторен прекршок по Законот за странци“, се наведува во билтенот на МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ