четврток, 30 мај 2024

Во ЕУ лудбрешкиот рен доби статус на производ со заштитено потекло

Европската комисија го вклучи лудбрешкиот рен, кој се одгледува во реонот на хрватскиот град Вараждин, во Регистарот на производи на ЕУ со заштитено потекло. Комисијата оцени дека станува збор за сорта на рен, која има свои специфики благодарение на климатските и почвените услови во реонот на Вараждинската Жупанија, како и на специфичната техника на неговото одгледување и вештината на производителите базирана на традицијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Месечните средни дневни температури на дефинираната географска област во текот на сезоната на растење и количеството на врнежите се оптимални за одгледување на лудбрешкиот рен, кој се произведува комерцијално исклучително во оваа област. Особено е значаен рамничарскиот терен на Подравјето, бидејќи обезбедува рамномерен проток на вода, што заедно со постојните водотеци и подземните води, обезбедува доволно снабдување со вода на подрачјата на кој се одгледува лудбрешкиот рен“, наведува ЕК во образложението.

Лудбрешкиот рен е додаден на листата од 3.857 земјоделски производи од земјите членки на ЕУ со заштитено потекло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ