сабота, 27 јули 2024

Во ЕУ драстично расте бројот на луѓе кои користат дрога: „Зборуваме за епидемија на хероин“

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на 2021 година, како што наведува, запленети се 330 тони кокаин, 816 тони хашиш и 214 тони синтетички канабис. Во исто време, се произведува голема количина на синтетички дроги.

„Откривме голем број лаборатории каде се произведуваат овие синтетички дроги. Секоја недела откривавме нова психоактивна супстанца. Можеме да кажеме дека ситуацијата во ЕУ е сериозна. Последиците се такви што денес велиме дека бледнее границата меѓу тешки и лесни дроги, меѓу дозволените и недозволените супстанци, така што навистина сме во сложена ситуација“, изјави Алексис за емисијата „Отворено“ на ХРТ.

„Зборуваме за епидемија на хероин и зависност од хероин, но и од нови супстанци“, додаде тој.

Жељко Петковиќ, асистент на Хрватскиот институт за јавно здравје, истакнува дека „имаме еден глобален пораст од 30 проценти на консумацијата на дрога на светско ниво“.

„Ако ги погледнеме четирите дроги, поточно канабис, кокаин, амфетамини и екстази, имаме континуиран раст на консумацијата“, рече Петковиќ.

Според него, во последните десет години можеме да кажеме дека потрошувачката на канабисот, е зголемена за 100 отсто, односно двојно, за разлика од амфетамините каде од 2014 до 2015 година има раст од два до три пати. Слична е ситуацијата и со екстази и кокаин.

Петковиќ истакна дека имаме раст на консумацијата.

„Едноставно, дрогата е достапна, имаме широк опсег на понуда и сето тоа заедно го следи растот на консумацијата и го зголемува бројот на корисници на овие дроги“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ