петок, 10 јануари 2025
Шефот на руските сили за нуклеарна заштита

Во експлозија во Москва убиен руски генерал, одговорна Украина (ФОТО+ВИДЕО)

Високиот генерал на руската армија и шеф на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана Игор Кирилов загина во експлозија во Москва.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Би-би-си, генералот Кирилов ја напуштал станбената зграда кога експлодирал експлозив скриен во скутер, соопшти Рускиот истражен комитет.

Тој бил придружуван од својот асистент, кој исто така загинал.

Експлозијата се случила на улицата Рјазански во Москва, 7 километри јужно од Кремљ.

Кирилов беше одговорен за руските сили за нуклеарна одбрана.

Тој беше назначен за шеф на тие сили во април 2017 година.

Според руската новинска агенција Тасс, тој учел во Вишата воена школа за хемиска одбрана Кострома.

Украинската служба за безбедност (СБУ) вчера во отсуство го осуди Кирилов за употреба на забрането хемиско оружје во Украина, објави Киев индипендент. СБУ тврди дека за време на Кирилов, Русија користела хемиско оружје во Украина речиси 5.000 пати.

Кирилов беше санкциониран од Британија и Канада, меѓу другите, за неговата улога во војната во Украина.

Украина ја презема одговорноста за оваа ликвидација, рекол за Ројтерс и АП безбедносен извор од таа земја. Дека зад оваа ликвидација стојат украинските разузнавачки и безбедносни служби наведуваат и медиумите во Киев. Киев индипендент и РБЦ пишуваат дека Кирилов бил убиен од Службата за безбедност на Украина (СБУ), повикувајќи се на извор од таа агенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ