петок, 18 октомври 2024

ДЗР: Во еден дел јавните набавки на Министерството за одбрана не се според законската регулатива

Вредноста на постојаните средства и залихите на материјали во финансиските извештаи не е реална и објективна, пописот на средствата и обврските не е целосно извршен, дел од постапките за јавни набавки и реализацијата на дел од договорите не се вршат согласно законската регулатива, обврските кон добавувачите не се целосно прикажани во финансиските извештаи. Ова се дел од фактичката состојба за работењето на Министерството за одбрана утврдена во конечниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Објавено на

часот

Сподели

ДЗР во извештајот објавен денеска, забележува и зошто работењето на Воено медицинскиот центар се финансира од сметката на министерството.

Исто така се забележува дека не е обезбедена целокупната документација за купен недвижен имот во Брисел за Мисијата на Македонија во НАТО, не се обезбедени ниту политики за изготвување и обелоденување на финансиските извештаи, а не е екипирана ниту внатрешната ревизија во министерството.

Државната ревизија забележува и дека не е воспоставена евиденција со податоци за бројот на службени станови дадени со право на откуп на рати кои потекнуваат од станбениот фонд на поранешна ЈНА.

Како системски слабости, пак, се поосчуваат: носење на закон за вработените во Министерството за одбрана со цел постигнување усогласеност во управувањето со човечките ресурси и работните процеси во одбраната со стандардите на земјите членки на НАТО, продолжување на постапката на донесување измени и дополнувања на Закон за пожарникарство, донесување на статут на Воената академија усогласен со одредбите од Законот за високото образование, неотпочната имплементација на Законот за основање на универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје, донесен 2016 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ