понеделник, 30 септември 2024

Во две сообраќајќи тешко се повредени пешак малолетник и мотоциклист

Вчера во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат во село Липково патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ. (28), удрило во велосипед управуван од малолетник, двајцата од Липково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

Во Гевгелија на улицата „Маршал Тито“ вчера С.Р. (48) од Гевгелија, додека управувал мотоцикл „хонда“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклот, констатирани во Здравствен дом Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ