Вчера во 12:30 часот на градскиот пазар во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.И. од Куманово, затоа што кај него биле пронајдени и одземени околу 700 парчиња пиротехнички средства. Тој бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Во 19:30 часот во село Матејче, општина Липково, полициски службеници од СВР Куманово извршиле преглед кај В.О., при што биле пронајдени и одземени над 500 парчиња пиротехнички средства. И против дваесетгодишниот ќе биде поднесена соодветна пријава, по целосното документирање на случајот.
Вчера полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода У.Ш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
Во Прилеп пак, бил лишен од слобода А.О. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 400 парчиња разновидни пиротехнички средства.
„По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава“, информираше МВР.