сабота, 27 јули 2024

Во Дојран грчки државјанин предизвикал сообраќајка и се повредил

Вчера во полицијата во Гевгелија било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во село Сретеново, општина Стар Дојран, патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин Р.Н. (70), удрило во паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки и во патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин А.Л.(61).

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Н., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на полициската станица Гевгелија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ