недела, 16 март 2025
АВМУ со предупредување по трагедијата во Кочани

Во деновите на жалост медиумите да не емитуваат забавни, музички и хумористични содржини

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) им укажува на медиумите дека треба да го усогласат своето работење со деновите на жалост што ги прогласи Владата поради трагедијата во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

„Медиумите да емитуваат/објавуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на деновите на жалост. Музиката што ќе ја емитуваат да биде од музички жанрови соодветни за денови на жалост, а емитувањето на забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија да се одложи по нивното завршување. Воедно, до завршувањето на деновите на жалост треба да се одложи и емитувањето реклами, односно сите форми на комерцијални комуникации“, наведуваат од АВМУ.

За време на деновите на жалост радиодифузерите се ослободени од обврската за емитување одреден процент домашна музика.

Агенцијата ги повикува медиумите да продолжат да известуваат професионално, да внимаваат на достоинството на жртвите, повредените и нивните семејства и при информирањето да користат проверени извори и релевантни соговорници.

Владата денеска на вонредна седница прогласи седумдневна жалост на територијата на целата држава и најави ригорозни мерки за оние кои нема да ја почитуваат одлуката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ