сабота, 19 октомври 2024

Во Демир Хисар утрово измерени -18 степени, екстремно студено и во Берово и Битола

Утрово во 6 часот во Демир Хисар се измерени -18 степени, во Берово -16 и во Битола -15, покажува метео мониторингот на УХМР. Температурите во цела Македонија утрово се под нулата, па дури и во Гевгелија каде се измерени – 8 степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје во 6 часот се измерени -10 степени,  исто така и во Гостивар, во Делчево -14, во Прилеп -15, во Тетово -11 степени.

Од УХМР за денеска прогнозираат сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

Минусни температури се очекува да останат во Пелагонија, додека во останатите делови од земјата температурите денеска ќе се искачат малку над нулата, додека во гевгелиско и во дојранскиот регион максималната температура ќе се искачи до 7 степени.

За утре синоптичарите најавуваат дека времето ќе биде наутро студено, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а на некои места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Скопје утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер.Температурата утре ќе биде од минус 12 до минус 2 степени наутро, и од 2 до 10 Целзиусови степени во текот на денот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ