Тој информира дека се поплавени одредени улици, пропаднат е асфалтот на една од нив, а на терен се екипи на Територијалната противпожарна единица, јавното комунално претпријатие, „Македонија пат“.
Полицијата што го регулира сообраќајот е тука, додаде тој, за да може што побрзо да се стави градот во функција и да се помогне на луѓето, таму каде што се поплавени домови.
„Врнежите, со тој интензитет со којшто беа во време од час и неколку минути, нема атмосферска канализација што може да ги апсорбира“, рече Трајковски, меѓу другото.
Директорот на комуналното претпријатие Стојче Стојковски појасни дека поради настанати дефекти, можно е одредени населени места во текот на ноќта да бидат без вода за пиење.
Трајковски и Стојковски препорачуваат засега граѓаните да купуваат вода за пиење.