недела, 20 октомври 2024

Во Делчево продолжува санирањето на штетите од поплавата

Објавено на

часот

Сподели

Во невремето поплавени беа голем број куќи во пониските делови од градот, а најзагрозени беа жителите од населбата Пролет чии куќи поради излевањето на река Габровчица пливаа под вода. Поплави беа регистрирани и на улицата Царевоселска,  Булевар Македонија, во населбата Студена Чешма и други населби, кои за среќа поминаа без човечки жртви.

Во текот на ноќта освен пожарникарите на терен беа и вработени во комуналното претпријатие кои со механизација расчистуваа дел од наносите на патната мрежа.

Во своето вечерно обраќање градоначалникот на Делчево информираше дека ставени се во функција сите расположливи ресурси, но за целосно справување со последиците ќе биде потребна и поголема поддршка. 

Тој апелираше загрозените граѓани да ја пријавуваат состојбата на дежурниот телефонски број изразувајки надеж дека во текот на денешниот ден работите ќе бидат ставени под целосна контрола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ