сабота, 27 јули 2024

Во Дебрца и Струга почнале да си градат куќи без дозвола

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.У. (59) од Струга, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, самоволно узурпирал катастарска парцела во државна сопственост во Струга, каде според урбанистичкиот план била планирана изградба на улица и без соодветно одобрение од надлежен орган започнал со изградба на објект за домување.

Објавено на

часот

Сподели

И СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ. (73) од Дебрца, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „бесправно градење“. На имот во населба Рача, спротивно на Законот за градење, односно без да поседува правосилно Одобрение за градење издадено од надлежен орган, пријавениот изградил станбен објект.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ