сабота, 27 јули 2024

Во Дебар одбележан Денот на независноста на Албанија и албанското знаме

Објавено на

часот

Сподели

Поради отсуство, од оправдани причини, на градоначалникот Хекуран Дука, од име на организаторот присутните и учесниците ги поздрави и денот им го честиташе заменикот градоначалник Башким Машкули, кој најави дека ова ќе стане традиционално.

За значењето на денот зборуваше Рамадан Имери, директор на дебарската гимназија и историчар.

Претходно учениците од ООУ „Пенестија“ одржаа парада минувајќи по главната улица во градот и шеталиштето, а градот како и изминатите години е накитен со албански национални знамиња.

Во училиштата посветени беа часови за историјата на независноста на Албанија прогласена на 28 ноември 1912 година во Валона.

Во меѓувреме преку видеозапис градоначалникот Дука упати апел до дебрани во што поголем број да учествуваат на „Црноцрвената парада“ што за првпат утре ќе се одржи во Тирана, а на која е најавено присуство на Албанци од САД, како и европските земји. На истата меѓу 150 ансамбли свој настап ќе има и дебарското КУД „Голем Дебар” (Dibra e madhe). 

р

Со положување цвеќе пред споменикот на Скендербег во Старата скопска чаршија, лидерите на трите партии од албанската опозиција, Африм Гаши од Алтернатива, Билал Касами од Беса и Изет Меџити од Демократско движење, заедно со Лорис Кастриота, потомецот на албанскиот херој, Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, денеска ги започнаа активностите за одбележување на „28 Ноември – Денот на албанското знаме“.

„Тука со нас е и правнукот на Ѓерѓ Кастриот Скендербеу, Лорис Кастриота, кој денеска не почести и заедно сме тука“, рече лидерот на Демократско движење, Изет Меџити.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, во присуство на граѓани од оваа општина како и претставници од амбасадите на Албанија и Косово, како и на Лорис Кастриота, исто така во пресрет на „28 Ноември – Денот на албанското знаме“ денеска ја преименуваше улицата „Вуковарска“ на територијата на оваа општина во „28 Ноември“.

Ганиу рече дека ова симболично име е едно од 66-те најнови имиња на улици на територијата на општина Чаир.

Во Тетово утре ќе се потпише и декларацијата на опозициската коалиција „Европски сојуз за промени“ на трите партии, односно Алтернатива, Движењето Беса и Демократското движење, токму на денот на големиот празник на Албанците. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ