сабота, 27 јули 2024

Во Давос е поднесена кривична пријава против израелскиот претседател

Обвинителството од Швајцарија потврди дека е поднесена кривична пријава против израелскиот претседател Исак Херцог за време на неговиот престој на Светскиот економски форум во Давос.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Кривичните пријави ќе се разгледуваат според вообичаената процедура“, соопштија од швајцарското државно обвинителство.

Од обвинителството изјавија и дека ќе контактираат со швајцарското Министерство за надворешни работи, за да разговараат за прашањето за имунитетот на Херцог.

Не беше соопштено од обвинителството за што е предметот на кривичната пријава, ниту пак колку пријави се поднесени.

Во соопштението наводно испратено од подносителите на кривичните пријави, кое е насловено „Правно постапување против злосторства против човештвото“, се вели дека неколку лица поднеле кривични пријави до швајцарските федерални обвинители, како и до обвинителите во Базел, Берн и Цирих.

Во соопштението до кое дојде Франс прес, не се наведува кој точно ја поднел кривичната пријава. Се наведува, сепак, дека тие бараат кривично гонење паралелно со постапката пред Меѓународниот суд на правдата како највисок судски орган на Обединетите нации.

Јужна Африка поднесе тужба против Израел пред Меѓународниот суд на правдата, тврдејќи дека еврејската држава во Појасот Газа извршила геноцид врз Палестинците. Израел категорично го негира ова обвинување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ