Според првичните информации, тројца разбојници на два мотоцикли се појавиле пред златарницата околу 13 часот и 45 минути, изјави полициски извор. Двајца од нив носеле оружје со долги цевки и го удриле обезбедувачот, додаде тој.
Штетата сѐ уште се утврдува, а се проценува на неколку милиони евра, изјави за АФП извор близок до истрагата. На снимките објавени на социјалните мрежи, а кои можеби се поврзани со грабежот, се гледаат два големи црни мотоцикли паркирани на тротоарот пред златарницата. Човек во црно, со кацига и вооружен, чува стража.
Braquage Bulgari à Paris Place Vendôme #braquage #bulgari #placevendome #arme #braqueur #violence #argent #bijoux pic.twitter.com/BXgCP32sFC
— Louis Raymondis (@louis_raymondis) April 29, 2023
Потоа сите тројца бегаат со мотоциклите, се гледа на снимките.
Златарницата на Булгари веќе беше цел на вооружен грабеж во септември 2021 година, а тогаш штетата беше проценета на 10 милиони евра. Тогаш полицијата рани во нога еден од тројцата разбојници и го приведе. Против него беше поднесена кривична пријава и беше притворен. Во јуни 2022 година, другите двајца беа фатени и обвинети. И тие се во притвор додека ја чекаат пресудата.