сабота, 27 јули 2024

Во Центар се мери бучавата од кафулињата

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера вечер повторно извршивме вонредни инспекциски контроли во неколку локали со цел да се измери прагот на бучава и гласна музика. Ги чекаме извештаите од мерењата и доколку измерените вредности ги надминуваат граничните вредности ќе се спроведе санкционирање согласно законот. Општина Центар многу често добива поплаки од жителите и затоа ќе продолжи со контролите за мерење на бучава и гласна музика во рестораните, кафе баровите и кафеаните. Казните за надминување на граничните вредности од бучава се движат од шест до 13 илјади евра во зависност од големината на субјектот. И досега општината има изречено неколку казнени решенија“, вели градоначалникот Герасимовски.

Во вчерашната акција учествуваше и Комуналната инспекција која што постапуваше согласно Законот за јавна чистота во однос на урбаната опрема.

Градоначалникот Герасимовски повикува сопствениците и управителите на локалите да ги почитуваат дозволените вредности на бучава, во спротивно ќе им бидат изречени глоби во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина, соопшти Општина Центар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ