петок, 26 јули 2024

Во Црна Гора може да се влегува со пасоши со Република Македонија

Црна Гора ја извести Македонија дека ги прифаќа пасошите со името Република Македонија, без „северна“, доколку тие се валидни, информираше денеска Бујар Османи, министерот за надворешни работи.

 

Објавено на

часот

Сподели

Османи денеска изјави дека разговарал со својот црногорски колега и се договориле Црна Гора да се обиде да го следи примерот на другите држави од ЕУ или на Швајцарија.

„Мислам дека Министерството за внатрешни работи (МВР) не треба да се води по тоа да најде алиби или да најде некое решение кое ќе ја одложи примената. Дајте да се фокусираме на подобра организација на системот, на помалку парадирање, на помалку политиканство, туку на подобра организација со цел да се зголеми бројот на издадени пасоши на граѓаните“, рече Османи.

Тој повтори дека како Министерство за надворешни работи веќе помогнале околу издавањето на патни исправи во дипломатско-конзуларните претставништва за што, како што рече, испратиле дополнителни дипломати, базни станици, се организирала работа во две смени и во викенди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ