„Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период, можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. По завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира“, се вели во информацијата од УЈП.
Се апелира до сите корисници на овие системи да ги завршат своите итни и неодложни обврски поради најавениот прекин.