среда, 23 октомври 2024

Во чест на Илинден, планинари изодеа 42 километри од Бошавска трансверзала на Кожуф

Објавено на

часот

Сподели

Најдов вели дека со старт од детското одмаралиште Михајлово и финиш во село Горна Бошава, Бошавската трансверзала се вбројува во една од најдолгите планинарски тури што се организираат во државата.

„Илинден е голем македонски празник, кога се потсетуваме на историското Илинденско востание. Истовремено, на верскиот празник Свети Илија е селска слава во кавадаречките села Горна и Долна Бошава. Сакајќи да го одбележиме значењето на Илинден во свеста на нашиот народ, по вторпат беше изодена оваа трансверзала, настан за кој се надеваме дека ќе стане традиција. Ги искачивме врвовите на Кожуф, Дудица, Порта и Греда, во срцето на планината. Падините, реките, шумите и чистиот планински воздух измешан со континентална и медитеранска клима, никого не оставаат рамнодушен. Затоа е убаво да се доживее природата во овој еколошки крај“, изјави Најдов за МИА. 

Тој додаде дека радува на фактот што расте бројот на лицата кои сакаат да престојуваат во природа, а зголемен е интересот кај младите, за вакви и слични активности. Истовремено, се заблагодари на компаниите што поддржуваат планинарски акции.

Фото: Дарко Најдов

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ