среда, 23 октомври 2024

Во Чаир главната улица „Х.Т.Карпош“ е преименувана во „Мајка Тереза“

Во скопската општина Чаир улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ е преименувана во „Мајка Тереза“. Ова вчера го објави вицепремиерот Изет Меџити за време на манифестацијата по поцод 114-годишнината од раѓањето и 27-годишнината од смртта на Мајка Тереза. До гордост објавуваме дека отсега главната улица во Чаир ќе го носи името на оваа голема албанска личност, напиша Меџити на својот фејсбук-профил.

Објавено на

часот

Сподели

На ова реагираше Јована Мојсоска од Левица: „Избришан е уште еден народен херој… Трендот на бришење на меморијата на антифашистичката борба продолжува и со новата влада. Меџити се пофали дека ја преименува улицата која го носеше името на народниот херој Христијан Тодоровски – Карпош. Наивно е да се верува дека ова е случајно и дека не се работи за системско бришење на АСНОМ од колективната меморија – токму од оние кои ги глорифицираат балистичките идеи. Претходната влада од СДС и ДУИ ја избриша улицата ‘Втора македонска ударна бригада’, сегашната влада на ДПМНЕ и Вреди го избриша Христијан Тодоровски – Карпош.
Христијан Тодоровски – Карпош бeше прогласен за Народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Стеван Наумов – Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур, Мирче Ацев и Кузман Јосифовски – Питу). Тој бил убиен од бугарскиот окупатор на 7 февруари 1944 година за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во селото Билјача, Прешевско. Во негова чест е испеана и песната ‘Битка се пие кумановско поле'”.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ