сабота, 27 јули 2024

Во центарот на Белград осамна графит „Единствениот геноцид на Балканот беше над Србите“

На зграда на Кнез Михајлова улица во строгиот центар на Белград осамна голем графит на кој на англиски јазик пишува „Единствениот геноцид на Балканот беше над Србите“. Под графитот е потпишана десничарската организација Народна патрола.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Организацијата на Телеграм на 30 мај објави снимка од графитот. „Единствениот геноцид на Балканот беше направен против нашиот народ, српскиот народ. И тоа е вистинскиот слоган и вистинската кампања за денешните денови. Ние не сме геноциден народ и тоа сите го знаеме“, вели гласот на снимката.

„Со векови Турците нè правеле робови. Денес има преку шест милиони Срби кои живеат во Турција. Подоцна Австриунгарците оние Срби кои бегале од Турците ги конвертирале во католицизам. Исто така, на нашиот Балкан Турците потурчувале и така настанале некои нови народи како босанскиот. Преку 70 отсто од Хрватите се Срби кои Австроунгарците ги покатоличиле“, додава нараторот.

Генералното собрание на ОН усвои на крајот на мај резолуција за Сребреница. За необврзувачката резолуција гласаа 84 од 193  држави членки на ОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ