четврток, 30 мај 2024

Во Центар улицата Наум Наумовски Борче стана проодна и безбедна

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата Наум Наумовски Борче кај хотел Дувет, на крстосницата помеѓу Ленинова и Партизанска која претставуваше проблем и пречка за функционирање на сите учесници во сообраќајот. Со овој потег, како што е соопштено од општината, решен е проблем на жителите, по поднесената петиција во потпишана од 327 граѓани.

Објавено на

часот

Сподели

Општина Центар известува дека улицата ќе биде двонасочна, во широчина од 7 метри, по 3.5 од секоја страна, ќе се отстрани страничната урбана опрема и ќе се намалат надворешните тераси на угостителските објекти долж улицата „Наум Наумовски Борче”.

Со ова исто така ќе се оневозможи дивото паркирање на улицата што претходно претставуваше проблем за пешаците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ