На промоцијата присуствувал и бугарскиот претседател Румен Радев кој упати честитка за книгата и рече дека оваа „оваа обемна научна студија на пошироката јавност ѝ дава панорамски и продлабочен поглед на историјата, културата и политичката судбина на регионот Македонија. Фактите изнесени во студијата се важна појдовна точка за аргументирана одбрана на историската вистина, на праведната бугарска кауза и достоинството на македонските Бугари во нивната вековна борба за слобода и еднаквост“, рече Радев.
Во првиот том од книгата пишува дека историско-географскиот регион Македонија со векови бил дел од бугарскиот духовен и демографски простор, иако честопати спаѓа во границите на другите земји. Во овој том авторите пишуваат за историјата на „Бугарската православна црква и нејзините епархии во овој регион…. Бугарската култура е непроменливо присутна во Македонија.
Во вториот том се анализира „политиката на повоената Народна Република Бугарија за македонското прашање, македонските бегалски организации во неа, македонизмот во Југославија, животот во Беломорска Македонија, македонските политички/патриотски организации во странство, билатералните односи на Бугарија со Р (Северна) Македонија во текот на 1991 – 2021 година. Вториот дел опфаќа студии од областа на лингвистиката со акцент на бугарските дијалекти и хидронимијата во Источна и Јужна Македонија, додека третиот опфаќа генерализирани етнолошки студии за елементите на бугарската традиционална народна култура која преовладува во областа – празничен календар, музика и игра, традиции и обичаи, локални носии… Во четвртиот дел Македонија е претставена во бугарската белетристика – во ликовната уметност и во филмовите од XIX-XX век… Во овој том се прикажува бугарската национална меморија на регионот и културата и животот на македонските Бугари“, пишува во оваа публикација на БАН.
Од македонската амбасада во Софија, од македонското Министерство за надворешни работи три дена по оваа промоција нема никаква реакција.