вторник, 22 октомври 2024

Во Бугарија запленета рекордна количина хероин

Цариниците на бугарското пристаниште Бургас на Црното Море заплениле рекордни 436 килограми хероин, соопштија денеска властите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вредноста на запленетата дрога изнесува речиси 36 милиони евра, а е пронајдена во машини за поставување кабли, соопшти главната царинарница во Софија.

Машините, од кои четири, биле транспортирани по морски пат со камионска приколка од градот Батуми, Грузија.

Според документацијата, стоката била испратена од Киргистан во Централна Азија, а дестинација било грчкото пристаниште Александрополи.

Откривањето на дрогата на 8 август претставува најголема заплена на хероин во Бургас досега, соопшти Царинската управа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ