Според обвинителството во Благоевград, Чукарски изготвил и потпишал 246 потврди за постојана адреса на живеење за македонски државјани, без тие всушност да бидат присутни во селото или да ги достават потребните документи за регистрација на адресата.
Во селото Рилци од 2016 до 2019 година биле регистрирани повеќе од 4.000 македонски државјани. Исрагата покажува дека регистрациите биле вршени на непостиоечки адреси.
Во соседното село Бело Поле регистрирани биле повеќе од 10.000 македонски граѓани, кои мештаните никогаш не ги виделе, јавуваат бугарските медиуми.
„Македонците биле ‘привилегирани’ при добивање на бугарски пасоши. Ангажирани биле преку 100 медијатори кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред институциите. Македонците плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра по пасош. Лесно можете да станете Бугарин, ако се вработите или основате претпријатије во Бугарија. Врз основа на трговските закони се добива статус на постојан претстој. Вториот начин е кога странските државјани на земји кои не се членки на ЕУ имаат фирми. И третата опција, која се користи најчесто е со издавање на документ за бугарско потекло”, вели сведокот за БТВ.