вторник, 18 март 2025

Во Бугарија минута молк за жив фудбалер (ВИДЕО)

Неверојатна случка во бугарскиот фудбал, на мечот меѓу Арда и Левски од најдобрата лига во оваа земја имаше минута молк за играч за кој мислеле дека е мртов, а тој бил жив.

Објавено на

часот

Сподели

Домашниот тим сакаше да му оддаде почит со минута молк на Петко Ганчев, свој поранешен фудбалер за кого имаше информација дека починал. Средбата стартуваше со минута молк.

Потоа се случи демант, информациите дека Ганчев починал биле лажни, а клубот не ги проверил туку се водел од она што го слушнал.

Следуваше јавно извинување на социјалните мрежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ