сабота, 27 јули 2024

Во Британија откриени две досега непознати слики на Рембрант

Објавено на

часот

Сподели

„Не знаев што ќе најдам… Се осмелив да сонувам. Но, за мене беше изненадувачки што овие слики никогаш порано не биле проучувани. Тие беа целосно отсутни од литературата за Рембрант“, забележа проценителот Хенри Патифер.

Автентичноста на сликите е потврдена и во аукциската куќа и во Ријксмузејот – уметничкиот музеј во Амстердам, Холандија, каде што се специјализирани за делото на Рембрант. Забележано е дека сликите прикажуваат двојка „семејно поврзана со уметникот“ – Јан Вилемс ван дер Плуим и неговата сопруга Јапген Карелс.

„Кристи“ ќе ги понуди портретите на наддавање во Лондон во јули. Пред тоа ќе бидат прикажани во Њујорк и Амстердам. Проценетата вредност на двете слики, засега е 5 – 8 милиони фунти. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ