сабота, 27 јули 2024

Во Босна и Херцеговина пронајдено девојче (5) од Германија, жртва на трговија со луѓе

Во автобус на граничниот премин Брод, босанско-херцеговската полиција идентификувала петгодишно девојче од Германија, жртва на меѓународна трговија со луѓе, соопшти Обвинителството на БиХ.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Обвинителот од Одделот за шверц и трговија со луѓе на Обвинителството на БиХ ги координираше активностите во соработка со Службата за работи со странци на БиХ и Граничната полиција на БиХ, кои при контрола на стоки и патници на редовните автобуски линии на граничниот премин Брод со детална анализа откриле и идентификувале жртва на меѓународна трговија со луѓе“, се додава.

Девојчето во придружба на странски државјанин патувало со редовна автобуска линија. По наредба на обвинител странскиот државјанин е задржан во Службата за работа со странци на Босна и Херцеговина, а тоа е сместено во безбедна куќа.

„Споменатото девојче се наоѓа во базата на лица по кои трагаат меѓународните институции, а обвинителот е во постојана комуникација со надлежното обвинителство и полицијата во Визбаден, Германија. Се преземаат активности за враќање на детето кај нејзината мајка“, велат од Обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ