вторник, 22 октомври 2024

Во борбата за вистината новинарите мора да покажат како доаѓаат до нивните приказни (2)

Објавено на

часот

Сподели

Бевме многу горди кога се активираше вештачката интелигенција (AI), бидејќи мислевме дека ќе добиеме алатка која ќе го прави тоа што ќе ѝ го наредиме. Но, сега сфаќаме дека новинарството е доведено во ситуација да изнаоѓа начини како да се носи со оваа нова појава, која, за жал, отвора можности за масовно ширење дезинформации и лажни вести.

Вака новинарката од Њујорк тајмс, Џулија Енгвин, го започна нејзиниот говор на панел дискусијата на отворањето на неодамна одржаниот Светски конгрес на новинарите што се одржа во Виена, Австрија во организација на Меѓународниот прес институт (ИПИ).  

Џулија ангвин

Затоа новинарите се согласни дека ако до пред неколку години се зборуваше за потребата од медиумска писменост, денес е потребна писменост за вештачката интелигенција бидејќи и покрај бројните придобивки, таа може да ја поткопа демократијата во општествата станувајќи сојузник на оние кои шират лажни вести и дезинформации,

„Новинарите веќе се натпреваруваат во една арена со многу дезинформации, а луѓето не ја разбираат разликата меѓу вистинското новинарство и лажната информација која им се пласира.  Новинарите мора да работат напорно за да докажат дека треба да им се верува, а тоа подразбира дека треба да објаснат како работат, какви методи користат и да докажат зошто треба да им се верува“, вели Ангвин.

Името на новинарот и брендот на медиумот веќе не се доволни сами по себе

За да се обезбеди новинарски квалитет во време на вештачка интелегенција името на новинарот и брендот на медиумот веќе не се доволни сами по себе, вели извршниот директор на Меѓународниот прес институт Фране Мароeвиќ.

Затоа новинарите денес, треба да го почитуваат етичкиот кодекс како никогаш до сега, вели Мароевиќ.

Ана Бракус, новинарка од хрватскиот протал Фактограф, вели дека во морето од разни извори на информации тешко е да избере вистинскиот.

Развојот на технологиите го прави ширењето на дезинформациите поевтино и поедноставно за разлика од порано, а со тоа оди и лесната заработувачка на пари.

„Постојат низа различни агенди во кои бројни личности се обидуваат да ги искористат незнаењето и стравот во нашите општества. Да ги искористат кризните ситуации за да остварат политичка или економска корист. Она што ние забележуваме дека честопати се случува е дека луѓето во нашето општество се во постојана потрага за точни информации. Во моментите кога не успеваат да дојдат до нив, за жал, може да наседнат на лажни информации. Често не поради лоши намери, туку бидејќи мислат дека работат нешто добро, учествуваат во ширење на тој круг на неточни информации“, вели Бракус.

ана

За да се сочува квалитетот и интегритетот на новинарството, а со тоа и на публиката како краен корисник на информациите, Бракус меѓу другото предлага една едноствна алатка како можат да се декодираат лажните информации.

„Многу е важно да внимаваме од каде ги собираме информациите. Многу често ако има премногу бомбастични наслови треба да се внимава дека таа информација можеби е искривена. Втора работа која е малку покомплексна и потешка е препознавањето на видеата и фотографиите затоа што технологијата брзо оди напред. Затоа препорачувам новинарите но и сета јавност да ги пратат порталите чија задача е проверка на фактите и секако, доколку прочитате вест која во вас буди ограмна количина на бес, страв или било која друга силно разбудена емоција тогаш треба да ви биде моментот кога ќе се запрашате каде уште можете да ја проверете таа информација и каде уште може да ја потврдите истата пред да ја споделите во јавноста“, вели Бракус.

Германскиот новинар Кристијан Јакоб вели дека наједноставна заштита во борбата против лажните вести е да се зборува за тоа.

Една од техниките за да се заштитат самите новинари е да ‘водат евиденција’ за сѐ она што се случува и јавно да ги осудат луѓето кои шират лажни вести и информации. Исто така може да го искористи правото да се жали за тоа. Сѐ уште не сум сигурен дека вештачката интелегенција може да ја користиме за заштита од лажните вести односно да ја покажеме вистината затоа што многу е тешко да промените нечие мислење кога човекот ќе почне да верува во нешто“, вели Јакоб.

јакоб

Вештачката интелегенција е машина само човекот ја знае вистината

Ако сте новинар и работите обични вести што се повторуваат, тогаш многу е веројатно дека вашата работа ќе биде направена подобро од вештачката интелигенција. Но, ако сте новинар кој е критички настроен тогаш вашето новинарство ќе биде многу повредно во иднина, “, вели Чарлс Бекет, основач-директор на Полис, меѓународниот тинк-тенк за новинарство на Лондонската школа за економија.

Мора да разберете дека вештачката интелегенција (AI) не е човечко суштество и ја нема човечката интелегенција, Таа е само јазичка машина. Таа не е машина што ја кажува вистината. Таа може да ви обезбеди текстови или фотографии кои што ги барате. И на крајот од сѐ,  да, таа може да биде употребена за ширење на лажни вести и дезинформации па останува на човекот да донесе одлука за тоа. Добриот новинар ќе ја употреби вештачката интелегенција само за да ја направи својата работа поефикасна, а лошите новинари ќе ја искористат за дезинформации. AI е создадена од човекот и човекот неа ја користи. Таа може да биде и среќна доколку создаде лажна вест затоа што таа не знае што е вистина на начин на кој што тоа луѓето го знаат“, вели Бекет.

бекет

Битката со дезинформациите уште не е добиена, а новинарите треба да се борат и со вештачката интелигенција. Сепак, вели Мароeвиќние воопшто не треба да се плашиме од вештачката интелегенција (AI) туку истата треба да ја прифатиме.

„Ние треба да ја користиме вештачката интелегенција  за бенефитите на новинарството. Затоа треба да говориме за искуствата, како со помош на AI да привлечеме повеќе публика и како да ги охрабриме новинарите повеќе да истражуваат затоа што, тие што ја користат за лажни вести и пропаганда, веќе се чекор напред. За да покажеме дека AI ја кажува вистината новинарите мора да се менуваат. Новинарите не се само оние кои известуваат што се случува туку се оние кои треба да проверуваат и да понудат анализи за тоа што се случува. Новинарите мора да покажат како истражуваат, како доаѓаат до нивните приказни, како доаѓаат до нивните заклучоци, а сето ова наспроти лажните вести и пропагандата“, вели Мароевиќ.

мароевиќ

                                                                                                                               Искра Опетческа

(Овој текст е изработен во рамките на Светскиот конгрес на Меѓународниот прес институт, на кој група новинари учествуваа преку проектот на Институтот за комуникациски студии ‘Користи факти’, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје)

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ