сабота, 27 јули 2024

Во болницата во Тетово конференција за новинарите без медиумите на македонски јазик

Министерот за здравство Фатмир Меџити со директорите на Клиничката болница Илир Демири и Блерим Османи вчера одржаа пресконференција на која соопштија дека се завршени работите за два тамошни оддели и една амбуланта. Новинарите кои работатат за медиумите на македонски јазик во Тетово не добија покана за овој настан од Министерството за здравство. На прашање до директорот Илир Демири зошто е направена поделба и се повикани само медиумите на албански јазик во порака по телефон кратко одговори дека е пропуст на ПР на Клиничка болница Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Дел од медиумите на албански јазик ја пренесуваа пресконференцијата во живо. Минситерот Меџити ја прочита официјалната информација подготвена за настанот и на албански и на македонски јазик.

На пациентите им се овозможуваат услови наликуваат на големите медицински центри низ Европа. Тетовската болница добива два комплетно опремени и реновирани оддели за гинекологија и неонатологија и една комплетно опремена и реновирана амбуланта. Политиките кои ги креираме се за натамошно унапредување на состојбата на здравствениот систем. После 20 години Клиниката во Тетово ќе ги прима пациентите во реновирани простории опремени со сите потребни други придружни и санитетски простории за соодветено сместување и болничко секојдневие на пациентите“, изјави Фатмир Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ